ФУДБАЛ – ЛИГА НА НАЦИИТЕ

  • Меѓу осумте најдобри се Шпанија, Португалија и Англија, а кандидати за место во четврт-финалето се и Италија, Франција, Белгија, Холандија, Грција, Германија, Данска, Велс и Норвешка

Фудбалската репрезентација на Англија по осум години ќе игра во нокаут-натпревар на патот кон трофејот во Лигата на нациите откако обезбеди пласман на едно од првите две места во групата 3, во лигата А. Претходно, во четврт-финалето се пласираа Шпанија (група 3) и актуелниот победник Португалија (група 4).
По натпреварите одиграни во четвртокот, во петтото коло во лигата А, во четврт-финалето има место за уште пет репрезентации, а кандидати се Италија, Франција и Белгија од групата 1 (две места во четврт-финалето), Холандија, Грција и Германија од групата 2 (две места) и Данска, Велс и Норвешка од групата 4 (едно место).
Во тек е петтата сезона на Лигата на нациите. За Шпанија тоа е четврти пласман во нокаут-рунда (претходно тоа беа полуфиналиња, од минатата сезона тоа се четвртфиналиња) и има еден трофеј, освоен во 2023 година. Португалија третпат ќе игра за титулата, која ја освои во 2019 и во 2025 година. Англија, која претходната сезона настапуваше во лигата Б, вторпат ќе игра за пехарот во Лигата на нациите откако претходно еднаш беше полуфиналист во сезоната 2018/2019.
Светскиот фудбалски шампион Шпанија ја продолжи својата победничка серија на 12 натпревари, со победата на дуелот со Чешка, со 2-0, на гости во Лигата на нациите, во петтото коло во лигата А, пишува „Би-би-си“. Откако со тоа ја продолжи и својата серија без пораз во сите натпреварувања на 43 натпревари, репрезентацијата на Шпанија, која веќе обезбеди пласман во четврт-финалето на Лигата на нациите за сезонава, ќе биде домаќин на селекцијата на Англија, во последниот натпревар од групната фаза за сезонава во Лигата на нациите, утре.

Н.М.

The post Девет селекции се во игра за пет места во четврт-финалето appeared first on Нова Македонија.