Дејвид Бекам ќе биде примен во Националната куќа на славните на фудбалот во САД, како дел од класата за 2027 година, пишува „Би-би-си“. Поранешниот фудбалер од средниот ред на Манчестер јунајтед и на Англија беше на насловните страници во 2007 година кога се пресели во Лос Анџелес од шпанскиот гигант Реал Мадрид за да му се приклучи на тимот на Главната фудбалска лига (МЛС), ЛА галакси со петгодишен договор.
Тој одигра 124 меча во сите натпреварувања за ЛА галакси, постигнувајќи 20 гола, и двапати ги освои титулите во САД. Церемонијата на неговото воведување е закажана за 16 април 2027 година во Фриско, Тексас, пишува „Би-би-си“.
Поранешните американски репрезентативки Меган Рапино и Џули Ерц, исто така, беа избрани за влез во Куќата на славните. Освојувачката на „Златната топка“, Рапино, и фудбалерката од средниот ред Ерц, двапати ја освоија светската титула со селекцијата на САД, во 2015 и во 2019 година, пишува „Би-би-си“.

Н.М.


АЛПСКО СКИЈАЊЕ

  • По тринеделна пауза продолжуваат трките во Светскиот куп

Сезоната во Светскиот куп (СК) во алпско скијање продолжува по тринеделна пауза, викендов во финскиот скијачки центар Леви. На програмата се првите слаломски трки за сезонава, денеска за скијачки, утре за скијачи (двата натпревара почнуваат во 10 часот). На отворањето на 61. сезона во Светскиот куп традиционално беа возени велеслаломските трки, во Зелден (Австрија), каде што победија Пола Молцан од САД и Лукас Пињиро Браатен од Бразил.

Н.М.

The post Бекам ќе биде примен во Куќата на славните на фудбалот во САД appeared first on Нова Македонија.